Оптичка илузија: Ако видите куче на сликата – Ви симнуваме капа

ИЗВОРСкопје24
|

Цртежот од стар чичко, со густа брада и бркови, се шири по социјалните мрежи веќе доста долго време, бидејќи скоро никој не може да открие каде тука се крие – кучето? А се крие, ви ветуваме… Многу ретки се оние кои успеале да го пронајдат кучето на овој цртеж, но ајде обидете се!

Иако е во прашање само една во низата оптички илузии, оваа најчесто ја решаваат децата или изразено паметни возрасни луѓе. Не поради тоа што е посебно комплицирана, туку поради тактиката која мора да ја примените за да сфатите за што се работи.

Па успеавте ли? Доколку одговорот е не продолжете да читате!

Финтата е во тоа што сликата треба да ја свртите наопаку и кучето веднаш ќе се покаже. Колку подолго гледаме во нешто нашата перцепција некогаш уште повеќе се искривува, но штом еднаш сликата ја погледнеме на поинаков начин, нема можности истата да излезе од нашата глава. Го забележавте ли сега?