Оштетен дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид

ИЗВОРСкопје24
|

После нецели 48 часа од промоцијата вандализиран паметниот споменик на Виртуелниот Прличев во Охрид. Непознати лица го пресекле доводот до електричната енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите а се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер.

Причините како што вели професорот Анис Сефиданис не се знаат иако претходно имале неколку опомени и зак ани пред самото поставување на споменикот.

Сефиданис вели дека материјалната штетата е занемарлива и тотално неважна во споредба со духовната која е нанесена на проектот за духот и делото на Григор Прличев.

На 11.08.2022 година во 19.30 часот, во СВР Охрид пријавено е насилно отстранување и одземање на 27 букви од дигиталниот споменик и на македонското знаме, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид.

Споменикот, сопственост на општина Охрид, потоа бил исклучен од електрично напојување.  По насока на јавен обвинител, на местото на настанот, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува СВР -Охрид.