Останете дома – Eден град во Македонија вечерва екстремно загаден

ИЗВОРскопје24
|

Вечерва апсолутен рекордер по загаденост на воздухот е Кичево, каде измерени се 982 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

По него следува Кавадарци со 485 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, па Тетово со 964, Струмица со 363, Куманово со 306 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

И во Скопје воздухот е енормно загаден. Во Аеродром измерени се 109 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, во Карпош 205, во Ѓорче Петров 204.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето. Ваквата загаденост може да биде и опасна по здравјето на луѓето.

Izvor: press24.mk