Острови од пластика го „красат“ Вардар во центарот на Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Не е прв пат високиот водостој на Вардар да го исфрли на површина сето ѓубре што со себе го влече уште од погорните текови. Она што луѓето го фрлаа во него реката им ја го враќа назад уште при првите врнежи дожд. Деновиве состојбата ескалираше во центарот на Скопје каде што огромни купишта пластика се насобраа околу галиите во коритото на реката и под мостовите.

Потрагично е тоа што ѓубрето со денови стои таму и никој не го расчистува па претставува лош призор за многубројните минувачи од кој поголем дел се туристи кои деновиве го посетуваат нашиот главен град.

– Ова е сликата на нашата држава, на народот кој живее тука. Институциите спијат иако се избрани да ги решаваат ваквите проблеми. Зарем во центарот на главниот град треба ова да се гледа? Странците што доаѓаат го фотографираат ова и сликите кружат низ цел свет. Дали сме свесни дека се срамиме себе си и идните генерации ? Надлежните под итно да преземат нешто! – вели К.Т. жител на Центар

И денеска од Сарај се креваат темни облаци од чад кои го трујат градот

Скопјани утрово повторно се разбудија со мирис на чад и изгорена пластика и гуми. На неколкуте ФБ- групи и страници се споделуваат фотографии и информации дека во општина Сарај повторно се пали ѓубре, кабли, пластика и гума. Се повикуваат надлежните да не се дозволи ова масовно труење кое станува секојдневие во главниот град.

Извор: Скопје инфо