Освен за себе не гледаат за никој друг: Ова се најсебичните хороскопски знаци

ИЗВОРСкопје24
|

Близнаци

Поради нивниот непостојан став, честопати се сметаат за суетни и површни. Близнаците се прилагодуваат на опкружувањето во кое се наоѓаат поради нивните лични себични мотиви. Можат да ве уверат дека се дарежливи, но многу брзо ќе сфатите дека тоа не е вистина. Луѓето во знакот на Близнаци воглавно се многу несериозни и сакаат само да си удоволат по секоја цена. Кога еднаш ќе им се обратите за помош, тие тогаш се зафатени, немаат време или едноставно не ви даваат објаснување зошто не сакаат да ви помогнат.

Лав

Лавовите обично мора да имаат сè што ќе посакаат, па не е изненадувачки тоа што имаат голема доза себичност. Припадниците на овој знак сметаат дека се подобри од другите и се уверени дека заслужуваат сè што ќе замислат, а на пат кон остварување на нивните цели, не преминуваат преку ништо. Ако ги замолите за услуга, веднаш ќе почнат да размислуваат што можат тие да добијат од вас.

Девица

Девиците во сè пронаоѓаат недостаток, но ретко се самокритични. Остриот вид тие го користат претежно за да пронајдат недостатоци кај друга личност. За Девиците е важно сè да оди според нивните услови и правила. Не реагираат добро на критика, затоа е залудно да им дадете до знаење дека претерале. Себичност покажуваат така што добрината на другите ја земаат ‘здраво за готово’, а туѓите чувства целосно ги занемаруваат.