Отишла на операција во комплекс клиники „Мајка Тереза“, и останала без својот накит

|

На 19.04.2023 во 12.45 часот во СВР Скопје, А.О.(48) од Скопје пријавила дека и бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде претходно и била извршена операција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во средата пак, во 16.10 часот во СВР Скопје, И.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 18.04.2023 околу 20.50 часот на работно место во фабрика во населбата Илинден се здобил со повреда од залутано зрно.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а зрното било пронајдено и подигнато за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.