Откако Цеца го прозва Босанац се огласи и неговата ќерка – еве што и кажа на Ражњатовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Последната емисија во „Ѕвездите на Гранд“ донесе голе кавга помеѓу Босанац и Цеца. Имено, овие два члена од жирито се скараа кога Босанац кажа дека Марија Шерифовиќ е пејачиште додека Цеца е само популарна пејачка, на тоа Цеца му возврати дека ако тој е толку добар композитор зошто не направил ѕвезда од неговата ќерка.

„Кога си толку добар композитор, зошто од твојата ќерка не направи ѕвезда?“, праша Цеца.

„Мојата ќерка е во четврта година на Музичката академија. Чекам да стане музички образована, ја има мојата поддршка“, изјави Босанац.

По тој повод се огласи и неговата ќерка на Инстаграм.

„Мене не ми требаат пари, мила. Јас работам за уметност“, сподели таа цитат од Марија Калас, а потоа додаде:

„Уште еднаш, ова е мој одговор на целата ситуација и одговор на сите новинари. Тато, те сакам најмногу“, напиша Џиџа.