„Откако го нема сакам да бидам што подобар“ – Цетински си ја отвори душата и проговори за Тоше Проески

|

На 16ти овој месец ќе се навршат 14 години од заминувањето на легендата Тоше Проески, но неговите пријатели и колеги сеуште не можст да поверуваат дека го нема.

Во секоја прилика пред медиумите истакнуваат колку им недостасува и како тој им го променил нивниот живот.

Пејачот Тони Цетински деновиве се потсети на несреќата во која настрада неговиот колега Тоше Проески и раскажа дека тешко го поднел неговото заминување од овој свет.

-Од Тоше научив многу, иако сум многу постар од него. Тој не беше само човек, тој беше повеќе од тоа – истакна тој.

-Откако го нема сакам да бидам што подобар. Поминав многи лошо денови, тоа беше време на лутина и чувства на неправа. Бев во атеистички брак, тотално одалечен од Црквата. Одев со главата низ ѕид. Си дозволив пор оци. Целосно залутав и отидов во погрешен правец – рекол Цетински.