Откако Карлеуша објави дека Врањеш е виден пред нејзиниот дом, се огласи и фудбалерот: „Таа е болна личност“

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша пред некој ден на социјалните мрежи објави дека босанскиот фудбалер Огњен Врањеш е виден пред нејзиниот дом, па токму поради тоа морала да ја извести полицијата.

„Обезбедувањето ме извести дека личност по име О. Врањеш е виден во автомобил пред мојот дом. Поради моја безбедност и безбедност на моите деца ја известив полицијата“ напиша Јелена во кратките приказни на „Инстаграм“.

По оваа објава на Јелена, на „Инстаграм“ се огласи и Огњен кој истакна дека не може да биде пред нејзиниот дом бидејќи во недела (денес) има натпревар.

„Не сакам да пишувам јавно, но гледам дека оваа болна личност упорно го спомнува моето име, имам натпревар во недела, така да не е можно да бидам во близина на домот на дотичната „наказа“. Оди лечи се, остави ме мене и мојот живот бидејќи твојот е беден“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Фудбалерот за курир.рс вели дека во полиција немало никава пријава.

„Не знам што дотичната сакаше да постигне, но во полиција не постои никаква пријава. Се измисли бидејќи е болна личност“ изјави Врањеш.

За потсетување, аферата Карелуша – Врањеш започна претходната година кога во медиумите се појавија експлицитни фотографии кои наводно пејачката ги праќала на фудбалерот.