Откако во медиумите се појавија шпекулации дека се скарале Тамара и Елена, познатата пејачка се огласи и ја откри вистината

ИЗВОРСкопје24
|

Тамара Тодевска и Елена Ристеска важат за едни од најпознатите пејачки на македонската естрада, секоја успешна во професијата и со фанови кои ја слушаат нивната музика.

Иако можеби поради професијата и музичката кариера тие треба да гледаат конкуренција една во друга, Тамара и Елена се добри пријателки.

Често на социјалните мрежи може да видиме фотоготафии од заеднички дружења, забави, родендени.

Заедно можевме да ги видиме на концертот на Влатко Лозаноски во „Арена 1“ во Скопје.

Исто така, Елена ја поддржа Тамара на „Евровизија“ и тогаш истакна дека е горда на неа.

Меѓутоа, деновиве „Слободен печат“ обајви дека наводно пејачките се скарале бидејќи повеќе не се следат на „Инстаграм“ .

Исто така, беше објавена и фотографија на која се гледа дека двете пејачки не се следат на социјалните мрежи, па отаму започнаа шпекулациите дека не се во најдобри односи.

Меѓутоа за да провериме дали пејачките се следат, го отвориме „Инстаграм“ профилот и забележавме дека двете пејачки се следат, односно дека Тамара ја следи Елена и обратно. Дали тие се отследиле или па заследиле, не знаеме….

Од друга страна, Елена во изјава за „Женски магазин“ ги демантираше овие пишувања и потенцираше дека не е скарана со својата другарка и колешка:

– Скарани? Јас таква информација немам, првпат слушам. Последните пораки мои и нејзини се поддршка за сѐ што ѝ се случуваше, а од нејзина страна благодарност што сум тука за неа од кога сме се запознале. Некој сака да направи некаков хаос, но нема да му успее…кој и да е тој- изјави Ристеска за Женски Магазин.

Извор: Вистина.мк