Откорнат кров на зграда на Партизанска, уништени автомобили – Страшно невреме го зафати Скопје (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Како последица на силниот ветер кој вечерва дува во Скопје беа откорнати неколку покриви на згради во Карпош, а дел од нив завршија на булеварите.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев објави дека екипи се на терен и работат на расчистување.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов апелираше на претпазливост.

-Се очекува дека силниот ветер кој што дува во градот, на моменти ќе достигне и удари над 70км на час. Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва. Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти. Состојбата се прати и се преземаат мерки, напиша Шилегов.

Низ главниот град можат да се забележат и скршени дрва кои направија материјална штета на соседните паркирани автомобили, но пак за среќа не повредија некој од случајните минувачи.

Од полноќ земјава се наоѓа во жолта алертна фаза поради засилен ветер и врнежи од дожд.

Силниот ветер исто така предизвика покривот од зграда во населбата Кисела Вода да се сруши врз паркираните автомобили во близина на зградата.