Откриен малолетник што испратил една од дојавите во Скопје – еве по кој основ ќе се гони

|

Поднесена е кривична пријава против малолетник од Скопје за сторено кривично дело „теро ризам” поврзана со дојавите за бо мби во скопските училишта, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

– Пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бо мби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перодот од 26 октомври до 2 ноември, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 4 ноември, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет-мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал зак анувачка порака за поставени експ лозиви во четири средни училишта. Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со зак анувачка содржина – се вели во соопштението на МВР.

Од страна Единицата за откривање и демонтирање на експ лозивни средства и направи при МВР, извршена е антит ерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експ лозивни направи.

– Со цел обезбедување докази, од страна на Секторот за бор ба против теро ризам нас илен екстр емизам и ради кализам во соработка со Секторот за компјутерски кри минал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка, преземени се мерки при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 4 ноември 2022 година во 11.17 часот од Ај-Пи адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч. (43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице, појаснуваат од МВР.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 7 ноември бил извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот, а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кри вично пријавениот. Притоа било утврдено дека на 4 ноември преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење безбедна електронска пошта.

На 7 ноември во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно нас илство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го признал делото и го појасни начинот на негово извршување.