Откриени строго чуваните одредби од пресудата: Сега е јасно зошто хрватскиот суд е против Северин

ИЗВОРСкопје24
|

Семејната драма на Северина Којиќ не се смирува со денови откако хрватскиот суд донесе одлука дека нејзиниот син Александар ќе живее со неговиот татко Милан Поповиќ.

Според пресудата, судијката Теа Голуб, кој го води случајот, заклучува дека пејачката е несовесна мајка, која предизвикува стрес кај нејзиниот син, сето тоа за да се претстави себеси како жртва во јавноста.

Ова се одредбите од пресудата кои ги објави српски “Еспресо“:

1. Северина и Милан не се во контакт последните пет години. 2. Северина во неколку наврати не успеа да ја почитува пресудата на судот во Загреб. 3. Таа не ги извршува родителските обврски во однос на образованието на нејзиниот син, не присуствува на состаноци на родители, туку комуницира со училиштето преку адвокат.4. Таа одби да го однесе своето дете кај психолог.

5. Нејзините неуспеси за време на воспитувањето на детето беа позабележителни. 6. Поповиќ го прифати конечниот предлог и мислење на ЦЗСР, додека Северина посочува дека центарот ги штити само интересите на Поповиќ, на штета на детето. 7. Северина не одговараше редовно на повиците на судот. 8. Северина го обвини Поповиќ дека е манипулатор кој купува сè што може да се купи со пари за детето нему да му припадне.

За потсетување, пресудата во врската со старателството на детето не е правосилна, бидејќи на мајката и е дозволено право на жалба, што сигурно ќе ја искористи.