Отсега полесно до работа во Германија: Ова се правилата кои почнуваат да важат од денес

ИЗВОРскопје24
|

Од 1 март во Германија стапува во сила нов Закон за доселување стручњаци. Тој се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, значи и од Македонија. Што се регулира со овој закон и што се менува со него? Дојче Веле ги објави детално новините во законот кој почнува да важи од 1 март.

Еве што е најважно:

Што во законот се подразбира под – стручњак?

Како стручњаци веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно со германското образование. Дипломите мора да бидат признати во Германија.

Забрзано признавање дипломи

За признавање на дипломи е одговорна Централна меѓународна служба за вработување (ЦАВ) со седиште во Бон, која припаѓа на Сојузната агенција за вработување. Како функционира тоа е објаснето на интернет порталот „Make it in Germany”, каде исто таа можат да се најдат соодветни линкови.

Нема веќе бескрајно чекање

Целта е признавањето на дипломите да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи. Процесот на издавање на визи за стручњаци во иднина би требало да трае најдолго 4 до 6 недели.

Кога ќе ве ангажира работодавач

Законот кој важи од 1 март подразбира и забрзана процедура според која идниот германски работодавач, со полномошно од работникот, може да ги застапува неговите интереси и да преговара со надлежната Служба за странци. Кога ќе се соберат сите потребни дозволи, Службата за странци мора да ја информира германската амбасада која во рок од три дена треба да издаде виза.

Во кои професии може да се работи?

Во принцип, ќе важи следното: било кој стручњак од земја надвор од ЕУ, кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одредени стручни квалификации, може да дојде да работи во Германија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.