Отсекогаш имал многу пари и водел бурен живот – на крајот побарал само една работа

ИЗВОРСкопје24
|

Еден богат човек дошол до самиот крај. Тој работел долго и напорно за да стекне огромно богатство и да живее во луксуз, и не можел да верува дека неговото време истекло.

Со оглед на тоа што бил богат, одлучил да купи уште малку време од ангелот. Тие двајца долго преговарале, но ангелот не сакал ништо. Тогаш очајниот богаташ му го дал својот предлог на ангелот:

“Дај ми само уште еден час живот за да можам да ѝ се восхитувам на убавината на оваа земја за последен пат и за да можам да поминам време со своето семејство кое долго време го немам видено и ќе ти го дадам сето мое богатство”.

Но ангелот повторно одбил. Конечно, човекот само уште еднаш прашал дали може да добие само една минута за да напише проштална порака. Ангелот му ја исполнил желбата и тој ја напишал следната порака:

“Поминувајте го времето што ви е дадено на вистински начин. Не можев да купам ни еден час време со моето богатство! Слушајте го своето срце и уверете се дека работите кои ве опкружуваат имаат вистинска вредност, негувајте ја секоја минута од вашето време.

Деновите минуваат, а повеќето од нас се во трка за пари и материјални работи, и во таа трка забораваме да уживаме во работите кои го прават животот поубав. Забораваме дека суштината на животот лежи во семејството и малите нешта, уживањето во убавото време и во природата. Кафето со пријателите и смеата. Тоа е она што е важно. Парите на крајот никому не му помогнале да купи вистинска среќа ниту здравје.

Додека чекориме по оваа планета, да се обидеме секој ден да го искористиме максимално, уживајќи во нештата кои навистина вредат”.