Многу домаќинки се прашуваат како да ги отстранат мрсните дамки од кујнските крпи. Внимание треба да се посвети не само на современите средства за избелување, туку и на тестирани домашни средства.
Пробајте ги методите на постарите генерации!
Сол – Наполнете сад со ладна вода и посолете ја. Додадете 5 лажици сол во 5 литри вода. Промешајте и фрлете ги вашите валкани крпи во неа. Ако се многу валкани – нека преноќат, ако не, доволно е час или два. Потоа измијте ги како и обично. Како резултат на тоа, ткаенините ќе бидат уште почисти отколку по вриење со додадено белило.
Сода бикарбона – Сода бикарбоната е исто така добар помошник во отстранувањето на мрсните дамки од кујнските крпи. Можете да подготвите раствор од топла вода со додадена сода, а во овој раствор можете да ги сварите и крпите (5 лажици на 5 литри вода). Дури и ако останат дамки, тие ќе исчезнат по последното перење во машина.
Детергент за миење садови – На сличен начин, крпите се потопуваат и со детергентот за садови. Земете малку течност за миење садови, ставете ја во топла вода и натопете ги валканите суви крпи во тој раствор 15-20 минути. После тоа слободно измијте ги со прашок во машина за перење на вообичаен начин. На овој начин ефикасно се отстрануваат мрсните дамки од кујнските крпи.
Оцет – Ако на вашите крпи се појави мувла, тие треба да се измијат како и обично, но потоа да се исплакнат во раствор од вода и оцет. Не грижете се за бојата, оцетот е безо пасен. Се разбира, ако не ги оставите крпите во овој раствор долго време.