Отстранети пет трафики спроти поранешна Градска болница

ИЗВОРСкопје24
|

Вкупно пет времено поставени објекти – трафики спроти поранешната Градска болница отстрани денеска Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.

– Станува збор за пет времени објекти (четири киосци и една трафика), лоцирани на улица „11 Октомври“, на автобуската станица кај Зелен пазар, кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект. Објектите со градежна механизација денес ќе бидат отстранети и трошоците за нивното отстранување ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на објектите, соопшти Општина Центар.

Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, Општината денеска пристапила кон административно присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите.

– Акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, со која ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација за истите, наведоа од Општина Центар.