Отворање на Скопје Синема Сити – изложба “Патешествие” – Влатко Стефановски

ИЗВОРСкопје24
|

Со изложбата на концертни и промотивни постери и плакати насловена како „Патешествие“ во Музеј на град Скопје вчера со почеток од 20 часот започна филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити. Изложбата „Патешествие“ претставува приказ на кариерата на Влатко Стефановски, но прикажана преку бројни концертни плакати од најразлични периоди од неговата кариера. Со оваа изложба се прикажува еден друг аспект од кариерата на Влатко односно неговиот богат концертен опус со годините.