„Ова беше долг ден“ – Карлеуша евакуирана од хотел поради пожар

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера преживеала вистинска драма на одморот во Турција откако избил пожар во хотелот во кој што била сместена.

Најпрво сподели видео од пламените јазици, за по завршувањето и евакуацијата на социјалната мрежа Инстаграм исто така објави фотографија од тоа каде е сместена и како ужива по стресниот ден.

„Ова беше долг ден“, напиша ЈК на фотографијата на која позира од терасата од својата хотелска соба, а пред неа има заносен базен и чиста бисер вода.

Како што беќе кажавме, Карлеуша ги извести фановите преку својот Инстаграм профил, споделувајќи страшно видео на кое се гледам огромен пламен, а потоа објави и како ги евакуираат.

„Нема да верувате што се случува во нашиот фенси хотел, се гори. Само што почнаа да не евакуираат. Еве сум јас тука со децата. Да знаете дека ова е хаос“, откри Јелена.