(ФОТО) Ова е бившото момче на Лепа Брена: Tребале да се венчаат, а еве како изгледа сега

ИЗВОРСкопје24
|

Музичката мегаѕвезда Лепа Брена и поранешниот тениски ас Боба Живојиновиќ прославија 29 години хармоничен брак, од кој имаат два сина. Имено, Брена ја започна својата музичка кариера во 1980 година, а медиумите тогаш шпекулираа за нејзиниот можен брак со еден новинар, но пејачката се омажи за Живојиновиќ неколку години подоцна.

Во декември 1985 година се зборуваше за бракот на Брена со Мирко Крилиќ, а оваа вест особено ги израдува жителите на Зрењанин, бидејќи токму во овој град започнала нејзината идилична љубовна приказна. Зрењанинци беа убедени дека фолк убавицата еден ден ќе им стане снаа. Бидејќи, нејзината романса со убавецот и диџеј Крилиќ никому не му изгледаше како необврзна, минлива врска. Напротив, таа врска траеше долго, а самата Брена во едно интервју изјави дека постои едно момче кое искрено го сака.

Тогаш многумина се прашуваа за кого станува збор, кое е момчето за кое зборуваше пејачката, а само луѓето од Зрењанин знаеја дека станува збор за нивен сограѓанин, високок и кршен маж , кој и по стасот и висината и по изгледот и убавината можеше да и парира на балканска ѕвезда.

Мирко беше уредник и водител на ТВ-емисии од политичка и општа социјална содржина, главен уредник на весникот „Зрењанин“. Работел и како ПР менаџер на „Југоремедија“ и директор за маркетинг во „Серво Михаљ турист“, а вака раскажува за својата љубов со Брена.

„Вистина е дека Лепа Брена беше моја девојка долго време и дека се сакавме. Но, тоа е веќе минато и сега сме само добри пријатели. За она што го зборува чаршијата во Зрењанин, дека таа требаше да се омажи за мене и дека, така да се каже, сè беше готово, можам да кажам дека сето тоа беше фантазија и нечии убави желби… Брена и по нашата љубов беше и останува голем пријател за мене“ – рече несудениот соруг на балканската фолк дива.