Ова е човекот кој ја однесе Емина Јаховиќ до самиот врв: Тоа ми се исплатеше и духовно и материјално

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот пејач Хари Варешановиќ направи големи хитови за пејачката Емина Јаховиќ, а тоа се песни кои и ден денеска се пеат во сите ноќни клубови во регионот.

Пред деценија и половина, Хари за Емина го направи едниот од најголемите хитови во нејзината кариера – „Дал она зна“, па слободно може да се каже дека со тоа ја однесе до самиот врв на естрадната сцена.

Претходно, Емина од него ја доби песната „Узалуд се будим“, балада со која пејачката настапи на фестивалот „Сунчане скале“.

– И помагав доста на помладите колешки, а тоа беше случај и со Емина Јаховиќ, посебно на самиот почеток на нејзината кариера. За неа ги направив нејзините најдобри песни – изјави Хари за „Ало“.

– Нејзината песна „Дал она зна“, ми се исплатеше и духовно и материјално – додаде фронтменот на групата „Хари Мата Хари“, зборувајќи за успехот на Емина, како и за нивните успешни заеднички соработки.