Ова е една од најтесните згради на светот: Ја изградил само за да му се одмазди на својот брат…

ИЗВОРСкопје24
|

Чести се примерите и кај нас кога „никнуваат“ згради една покрај друга, па можете да гледате и трпезариската маса на вашите соседи, но овој случај од Бејрут е навистина уникатен.

Оваа зграда која се смета за најниска во либанскиот главен град не е изградена поради „безмислосна борба за сантиметар“, туку од една поинаква причина – инат.

Изградена е во педесетите години од минатиот век на земјиште кое двајца браќа го наследиле од нивниот татко. Како да не било доволно тоа што не можеле да се договорат околу изградбата, па целата работа станала уште покомплицирана кога дел од земјиштето им го одзела градската власт.


На крајот им останало парче земјиште со чуден облик, отсечен спроти улицата. Еден од наследниците, кој што го добил токму тоа земјиште, очигледно незадовололен од исходот, решил да му се одмазди на својот брат кој поминал подобро. Така, тој сеедно изградил зграда, му го блокирал погледот кон морето и му ја намалил вредноста на земјиштето.

Зградата која локалното население ја нарекува „инат“, на најтесните точки е широка само 60 сантиметри, а на најширокото место околу 4 метри. Висока е 14 метри, а на секој кат има два стана.

Долго време работела како бордел, а потоа станала засолниште на бегалци кои што бегале од војната. Денес во зградата не живее никој и таа претставува еден вид на потсетник на глупавото инатење.