Ова е највалканиот предмет кој секојдневно го допирате, но ретко го чистите

ИЗВОРскопје24
|

Слушалките секојдневно ги користите. Било да е тоа на работа, во превоз или пак навечер пред спиење. Но, дали знаете дека тие се еден од највалканите предмети?

Во вашите слушалки живеат околу 2708 пати повеќе бактерии отколку на просечната даска за сечење, повеќе од мијалникот и 330 пати повеќе од кујнската површина.

Најголемиот проблем е тоа што слушалките често се во вашите раце, ги оставате каде и да стигнете, а исто така на нив се собира и ушен восок и поради тоа се собираат бактерии и прашина на нив.

Многу е важно да ги чистите барем еднаш во неделата. И исто така важен податок е да не ги споделувате со други луѓе.

Не ви се потребни посебни препарати за да ги исчистите. Доволно е малку млака вода и стапче за чистење уши.