Фото: Ова е состојбата по вчерашното невреме во Градски парк – паднати дрва и искршени клупи насекаде

loading...

Вчера главнот град на Македонија го погоди силно невреме проследнео со врнежи и ветер кој дуваше со брзина од над 80 километри на час. Паднати дрва беа забележани на повеќе локации во Скопје, а предизвикаа и големи штети. Поплавите низ улиците го отежнуваа и движењето на возилата.

На Фејсбук стрната „Ѕид на сообраќајниот срам“ денеска беа објавени фотографии од состојбата во Градскиот парк после невремето, каде може да се забележат искршени дрва и клупи насекаде.

Погледнете:

Покрај невремето во нашата земја големо торнадо имаше на Јадранот.

Торнадото започнало од Котор, а се движело кон Херцег Нови. Оштетувало куќи, згради и стебла.

Невремето оштетило и два помали авиони на аеродромот во Тиват.

Силниот ветер кој ја погоди Бока Коорска се намали, но воочена е бура над Луштице, која тргнала кон Будва.

Краткотрајното невреме кое синоќа го зафати Тиват, оштети два помали авиони кои биле паркирани на платформата на Аеродромот Тиват.

Имено, станува збор за метеролошка појава и помал торнадо кој го зафати тој дел од градот и преврте авион со ознаки Н977 РС и значително го оштети.