Ова е супер бабичка: Му се спротистави на крадец кога се обиде да и ја земе торбата

ИЗВОРСкопје24
|

70 годишна бабичка од Русија никако не попушта пред крадец. Иако крадецот бил барем десет пати посилен од неа и се обидел да и ја земе торбата старата баба не се предала и цврсто ја фатила торбата.

Старецот продолжил да ја влече, поради што старицата паднала на асфалтот. Меѓутоа, насилникот не попуштил, туку почнал да ја влече старицата по улицата, за во еден момент да се откаже и да побегне.

Полицијата успеала да ги идентификува сторителот, а за тоа дело е осомничен млад 22-годишник, кој се впуштил во грабежот откако се обложил дека ќе и ја украде торбата на старицата.