Ова е жената без која тој немаше да биде тоа што е – Кире Лазаров ја покажа својата мајка

ИЗВОРСкопје24
|

Најуспешниот ракометар Кире Лазаов од неодамна веќе стана и селектор. За неговата кариера не треба да се зборува, јавноста веќе ги знае сите детали, но помалку информации се знаат за неговиот приватен живот.

Како и многумина така и Кире не е имун на социјалните мрежи па така сподели фотографија од својата мајка, за која инаку многу малку се знае. Мама Милка при една од посетите на гости кај својот син во Франција, каде она малку заедничко слободно време што го има Кире, го минал со неа, а дел од тие убави моменти решил да ги овековечи на фотографија.

„Моите родители многу добро ме воспитаа. Нас некако повеќе нѐ насочуваа, беше многу построго, денес сите многу лесно се навредуваат. Бев добро насочуван од родителите, одлуките ги носев сам, а се консултирав со родител, пријател…“ – изјави Лазаров во едно свое интервју, кој меѓудругото, токму благодарение на родителите, стана она што денес е!