Ова место е полно со зараза: Српската водителка откри каде се заразила

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата српска водителка Милица Кон, водителка во шоуто Брак со невидено откри каде се зарази со најновата болест.

Милица споделила видео кое покажува дека таа и нејзиниот сопруг биле на свадба минатиот викенд, а една недела подоцна завршила во ред пред амбулантата и наскоро добила позитивен резултат.

„Дали се сеќавате како јас и сопругот одевме на свадба пред седум дена и дека бевме многу убави? И секако пред седум дена сите не предупредија да не одиме на прослави затоа што заразата дивее.

Но, не, ние бевме во фазон ако седиме на нашата маса, нема шанси тоа да ни се случи“, признала Милица во видеото што го споделила, а под кое многумина и посакуваат брзо закрепнување.