Ова се децата на познатата македонска актерска и брачна двојка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Тие двајцата се една од многуте познати брачни двојки кај нас. Таа е дете на познати и некогаш многу славни и популарни родители (Невена и Панче Кочовски – „Мањифико“), чија професија тргна да ја наследи, па го смени правецот на професионалната определба, го остави пеењето некаде на половина пат и заврши меѓу актерите.

Тој нема таков бекграунд, но затоа ја има истата професија – глумата и секако ја има неа… за колешка, жена, сопруга, брачен другар, животен сопатник!

Имено, Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак кој „бил склопен“ од прво видување, а трае веќе 23 години. Шармантната актерска но и брачна двојка и покрај својата духовитост и непосредност, ретко споделуваат приватни моменти од својот живот, на социјалните мрежи.

Оние најблиските и оние што добро ги познаваат знаат дека Тања од првиот брак со исто така актерот Владимир Ендровски – Љац го има синот Александар, додека од бракот со Предраг ја имаат ќерката Нела. Тања неодамна објави семејна фотографијата на која актерската двојка е заедно со децата, па на фотографијата не се актерска двојка, туку всушност актерска тројка, зашто и Нела е на пат да стане глумица.

Нела има 22 години и тргна по стапките на своите родители, па таа е студент на ФДУ. Александар има 28 години и завршил факултет за туризам.

„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха.

Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“ – ќе изјави Тања за своите деца во едно неодамнешно интервју за македонските портали.