Ова се финалистите на Златно Тркало

ИЗВОРрпм.мк
|

Златно тркало кој е новиот национален избор за најпосакуван автомобил, избор во кој токму вие – публиката имате право на глас, всушност токму вие со вашите гласови ќе го изберете најпосакуваниот автомобил, асоцијација во која и ние RPM.mk сме дел. Па знаејќи го тоа сега е време и да се објават и финалистите за кои ќе можете да гласате во средина на месец февруари, датум за кој дополнително ќе бидете известени.. Односно по категории ова се финалистите..

1. Градски автомобил: – DR Automobiles DR3 – Ford Focus Active – Opel Corsa – Peugeot 208 – Skoda Scala – Volkswagen T-Cross

2. Бизнис автомобил: – BMW Series 3 – Hyundai Elantra – Seat Tarraco

3. Семеен автомобил: – Hyundai Elantra – DFSK Glory – SsangYong Korando

4. Електрифициран автомобил: – Toyota Camry Hybrid – Toyota Corolla Hybrid – Toyota RAV4

5. Главна награда: – Peugeot 208 – Range Rover Evoque – Seat Tarraco – Skoda Scala – Volkswagen T-cross

Секако посетете го и сајтот https://zlatnotrkalo.mk/ каде што можете и детално да ги погледнете сите тестови од нас RPM.mk(можете да не најдете и на Youtube), но исто така погледнете ги и мислењата и од нашите колеги!