Ова се вика мајстор! Англичанец има навика еднаш годишно да посети обложувалница: Пред неколку дена навратил, вложил 2 евра, а добил 215.000

ИЗВОРСкопје24
|

Необична приказна ни доаѓа од обложувалниците од Англија, а главната улога ја има „коцкарот“ кој еднаш годишно уплаќа тикет во обложувалница.

И баш овој мајстор, кој еднаш годишно влегува во обложувалница, со влог од 2 евра освоил неверојатни 215.000 илјади евра.

Како што пренесува BBC дотичниот господин, замолил да биде анонимен, се обложил верувале или не на КОЊИ.

Во играта „Tote Placepot“ играчот треба да одбере по едно грло од шест трки. Добивката е можна само доколку твоите одбрани коњи завршат помеѓу првите три места во своите трки.

Во сите овие трки се случиле големи изненадувања па така од шест изразени фаворити само еден победил, а само три завршиле меѓу првите три места во своите трки.

Среќникот од Британија бил единствен кој погодил шест грла кои ќе имаат високи пласмани, па на него му припаднал целиот награден фонд или поточно 182.567,8 фунти, односно 214.239,65 евра.

– Мојата ќерка наскоро ќе се запишува на факултет, мојот син планира да оди на одмор, така што оваа добивка ќе ни помогне многу. Мислам дека син ми ќе добие првокласен одмор, кажа среќниот добитник.