Оваа мајка објасни зошто нејзините деца носат ефтина облека а таа се облекува во скапи и брендирани парчиња

|

Кетлин Фладагер има 26 години и веќе е безброј пати критикувана за воспитувањето на нејзините деца.

Овој пат беше критикувана затоа што купува само ефтина облека за своите деца, додека со задоволство се чести себеси со скапи дизајнерски парчиња. Но, таа одлучи да објасни зошто го прави тоа.

Дали знаете зошто? Затоа што не растам постојано како моите деца. Јас постојано не истурам храна и пијалок на мојата сосема нова облека“, напиша таа на почетокот на нејзиниот пост.

Покрај тоа, таа додаде дека за разлика од своите деца, не игра во кал, не прави дупки во облеката и не го изразува своето мислење експресивно за тоа што повеќе не сака да носи.

„Јас не сум дете“, кратко заврши таа, додавајќи: „Моите деца се неуредни, тие сакаат да играат во нечистотија и сакаат да истураат храна. Јас им купувам поевтина облека бидејќи одбивам да бидам мајка која ќе им вика за тоа што сладолед им капе на новата маица“.

Како што вели, таа се обидува да биде мајка за која нечиста облека не е голема работа.

„Се обидувам да бидам мајка која ги учи дека има повеќе во животот отколку убава, скапа облека“, истакна таа.

Нејзиниот пост стана вирален и собра повеќе од 14.000 лајкови и беше споделен околу 11.000 пати.