Оваа нетпреварувачка ослабна 56 килограми и излезе на сцената на „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Крстина Тодоровиќ, која и стана попозната на јавноста со учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, направи огромна трансформација кога станува збор за нејзиниот изглед.

На почетокот на натпреварот, слаткото девојче реши да изненади со изгледот и впечатливата трансформација. Сите се воодушевени од нејзината промена, бидејќи таа успеа да изгуби над 56 килограми поради намалувањето на желудникот.

– Имав операција и стеснување на желудникот пред седум месеци. Успеав да ослабам над 56 килограми, пред неколку дена снимав на „Ѕвездите на Гранд“ и сите беа воодушевени од мојата трансформација- вели Крстина за „Блиц“ и додава:

– Што се однесува до самиот план на диета, јас ја засновам на здрава храна. Јадам овошје и зеленчук. Единствената поента е дека не можам да јадам многу во квантитет и постојано сум сита – искрено вели пејачката.