Оваа позната пејачка требало да пее во групата Фанки Џи место Анабела – се откри тајна од естрадата

loading...

Пред седум години Анабела и Гаги се разведоа, а во јавноста излезе веста дека пејачката 14 години во бракот трпела насилство.

По силните расправии и физички пресметки меѓу поранешниот и сегашниот сопруг на Анабела, поранешните сопружници решија да се смират и повторно да ја формираат групата „Фанки Џи“.

„Јас продолжувам понатаму како Анабела, но поради големиот интерес за „Фанки Џи“ во оригинален состав се вратив и ќе бидам во групата додека сака публиката. Не размислувам многу зошто сите одиме таму каде што најмногу се плаќа“, изјави Анабела.

Постои тајна околу групата Фанки Џи која се распадна откако пејачката Анабела и нејзиниот сопруг Гаги ставија крај на бракот.

Имено, место Анабела во групата требало да пее Ана Николиќ, но сеуште не е познато зошто пејачката одбила соработка.

Анабела, српската пејачка позната по бракот со Гаги Фанки Џи кој заврши неславно, немала среќа од детството.

Анабела е родена во Горажде, Социјалистичка Република Босна и Херцеговина на 26 јануари 1975.[2] Кога имала само три години нејзините родители се развеле. Анабела отишла да живее со нејзиниот татко. Поради нејзиното школување, кога имала тринаесет години, се преселила во Сараево. Кога имала шеснаесет години заминала со нејзиното момче во Швајцарија. Подоцна тој се вратил во посета на Босна и Херцеговина и бил еден од првите жртви во Босно-Херцеговачката војна. Таа немала контакт со ниеден од своите родители, па одлучила да се пресели во Белград каде што работела како секретарка. За прв пат го сретнала нејзиниот сега поранешен маж Гаги, кога имала седумнаесет години, а на дваесет години го зела и неговото презиме. Подоцна останала бремена со близнаци, кои ги изгубила. Сега тие имаат 2 ќерки – Луна и Нина. Неколку пати имаше криза во нивниот брак, но во 2009 тие конечно се разведоа.