Очајно му требаат пари: Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ влегува во реално шоу

ИЗВОРСкопје24
|

Роберт Шаулиќ, вонбрачниот син на фолк пејачот Шабан, влегува во реалното шоу „Парови“. Ова не е изнанадување ако се знае дека тој има сериозно финансиски и здравствени проблеми. Нему очајно му се потребни пари и затоа се одлучил на ваков чекор.

Роберт беше исклучен од тестаментот на неговиот славен татко и сега се обидува да дојде до приход кој ќе му обезбеди пристоен живот. Имено, тој се се противи на продажбата на вилата на Дедиње која зад себе ја остави неговиот татко.

Роберт како рамноправен член на семејството како што дознаваат српските медиуми, одлучил да се бори за делот кој што му припаѓа, поради што вдовицата на Шабан морала да прекине со продажбата на луксузната недвижнина која вреди милион евра.

Роберт е толку одлучен да го земе она што му припаѓа, дури што изнајмил адвокат, кој што инсистирал на тоа дека вилата не може да се продаде додека не заврши процесот на поделба на имотот, открива извор близок до најстариот син на Шабан, пишува српски Курир.

„Јас ќе земам она што ми припаѓа. Зошто да не го земам она што ми следува? Јас сум рамноправен со останатите деца на Шабан и нема да се откажам од наследството“ – наводно истакнал Роберт.

Инаку, Роберт после заминувањето на Шабан се откажал од наследството, но во меѓувреме се предомислил.