Овчарот Марјан сака да биде претседател на Македонија: Јас поднесов кандидатура, лавовски ќе се борам

ИЗВОРСкопје24
|

Марјан Трајчев е овчар од селото Пухче кој деновиве во македонската јавност стана повторно актуелен откако за сопруга ја побара водителката на Канала 5, Јелена Спенџарска. Е сега истиот тој Марјан сака да биде и Претседател на Македедонија за што и поднел кандидатура.

„Јас поднесов кандидатура за Претседател на Македонија и мислев дека ќе водам лавовска битка со професорката Каракамишева. Во нејзе само гледав сериозен противник, навистина секоја чест за тоа она што го направи.

Новинарчето од ТВ Клан ми рече што толку сакаш да бидеш Претседател кога платата е 1400 евра, а јас му одговорив доста ми се 500 евра, мојата цел е чесна држава, сите да зимат 500 евра плата.

Како што можел Никола Карев да биде Претседател на Крушевската Република на 27 години, можам и јас. Добив огромна поддршка од мајка Лоза, тетката на Груевски“ стои во објавата на „Фејсбук“ а во продолжени погледнете што напиша Маријан:

Jas podnesov kandidatura za pretsedatel na makedonija i mislev deka ke vodam lavovska bitka so profesorkata karakamiseva…

Gepostet von Marjan Trajcev am Samstag, 2. Februar 2019

Од она што може да се види по фотографиите кој што ги објавил на својот профил на „Фејсбук“, се гледа дека тој својата кандидатура ја поднел на парче хартија испишано рачно. Истата е доставена во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се чини Влатко Ѓорчев и останатите кандидати за Претседател на Македонија кои доставија кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ, добиваат „сериозна“ конкуренција.