Овие 4 хороскопски знаци се неподносливи, но и неодоливи

loading...

Со нив речиси никој не може да излезе на крај, а многумина не можат ни да ги поднесат.

Сепак, имаат и свои доблести, дури би можело да се каже и дека се неодоливи. Како е тоа возможно? Можеби магнетски привлекуваат токму со неодоливиот спој на спротивности. Неподносливи, но неодоливи. Доколку подобро размислиме, токму во таа комбинација има некоја посебна магија. За овие знаци воопшто не може да се каже дека се обични, просечни, едноставни.

Погледнете кои се тие:

Овен

Овенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели.

Рак

 

Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.

Вага

Нежните ваги се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убавото лице. Исто како и биковите, кои се доминирани од Венера и вагите сакаат да бидат заобиколени со уметност, култура, убавина и хармонија.

Риби

Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун – владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.