Омилената македонска водителка Лила Филиповска уште пред околу еден месец, преку интервју во еден македонски магазин, ја отвори душата и откри дека повеќе од година дена се борела со ракот, но за среќа сега веќе го победила.
Откривајќи ја својата природно кратка коса, им ги затвори устите на сите кои периодов со негативни коментари се обраќаа кон водителката токму за периката која мораше да ја носи.
По целиот трнлив пат кој го изоде, периодов таа е преплавена со позитивни коментари и пораки со поддршка и љубов. Во кратките приказни на Инсгаграм таа дури им дозволи на своите фанови и следбеници да и постават прашања поврзани со болеста и лекувањето, со цел да ги охрабри сите кои во моментот се борат со истата болест и да им порача дека и тие можат да ја добијат битката.
Исто така таа им се заблагодари на двајцата најважни луѓе кои, покрај синот Филип, постојано биле покрај неа во најтешките денови и ја забавувале. Тоа се метео презентерот на Сител и личен асистент на Лила, Спасе и поранешниот водител Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци.
Среќа лошите денови се зад неа и сега Лила со својата приказна стана инспирација за борба и за тоа како никогаш не треба да се откажуваме дури и кога ќе се најдеме во ќорсокак, во ситуација од која мислиме дека нема излез.
(Н.Ј.)