ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕКОГАШ ЗАБОРАВААТ НЕШТО – ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ?

ИЗВОРСкопје24
|

Тие имаат навистина лоша меморија.

Нешто треба да направите но не можете да се сетите што. Познавате некој човек, но му го заборавивте името. Како старееме, се повеќе забораваме, но постојат одредени хороскопски знаци кои се склони на заборавање повеќе од другите, и тоа не само во староста.

Риби


Многу често имаат чувство дека заборавиле нешто веднаш штом излезат од дома, а најчесто се работи за ситници како наочари за сонце, крема за сунчање или мобилниот телефон.
Тогаш тргнуваат во реконструкција на мислите и своите постапки со цел да откријат дали клучевите случајно ги оставиле во фрижидерот, или документите ги расфрлиле некаде во бањата.
Рибите многу време поминуваат во имагинарниот свет и поради тоа забораваат на важните аспекти од животот. Така забораваат да платат сметка за гориво, но детално се сеќаваат на сите ликови од сериите.

Близнаци


Заборавањето кај Близнаците најчесто е поради преоптеретеноста на мозокот со информации. Наместо да го отфрлат она непотребното и ги ослободат мозочните виуги, тие секојдневно се преоптеретени со обврски. Редовно им сметнува од умот што треба да направат и кога конечно ќе се сетат, веќе е доцна. На работа се склони кон заборавање на рокови.

Водолија


Креативни се и постојано пронаоѓаат решениеја за проблемите и спремни се да ги прифатат иновациите. Со оглед на тоа дека главата им е полна со бројки и информации, често ја губат актуелноста од вид. Забораваат секојдневни рутински обврски, како вадење на облеката од машината и ставање на сушара. Препознаваат лица на луѓе со кои се среќаваат но ги забораваат нивните имиња. Од друга страна, памтат многу битни нешта