Овие хороскопски знаци секогаш забораваат нешто – дали сте меѓу нив?

ИЗВОРСкопје24
|

Риби

Многу често имаат чувство дека заборавиле нешто веднаш штом излезат од дома, а најчесто се работи за ситници како наочари за сонце, крема за сунчање или мобилниот телефон.
Тогаш тргнуваат во реконструкција на мислите и своите постапки со цел да откријат дали клучевите случајно ги оставиле во фрижидерот, или документите ги расфрлиле некаде во бањата.
Рибите многу време поминуваат во имагинарниот свет и поради тоа забораваат на важните аспекти од животот. Така забораваат да платат сметка за гориво, но детално се сеќаваат на сите ликови од сериите.

Близнаци

Заборавањето кај Близнаците најчесто е поради преоптеретеноста на мозокот со информации. Наместо да го отфрлат она непотребното и ги ослободат мозочните виуги, тие секојдневно се преоптеретени со обврски. Редовно им сметнува од умот што треба да направат и кога конечно ќе се сетат, веќе е доцна. На работа се склони кон заборавање на рокови.

Водолија

Креативни се и постојано пронаоѓаат решениеја за проблемите и спремни се да ги прифатат иновациите. Со оглед на тоа дека главата им е полна со бројки и информации, често ја губат актуелноста од вид. Забораваат секојдневни рутински обврски, како вадење на облеката од машината и ставање на сушара. Препознаваат лица на луѓе со кои се среќаваат но ги забораваат нивните имиња. Од друга страна, памтат многу битни нешта.