Овие предмети ќе ви донесат среќа во домот

loading...

Среќата зависи од духовната состојба на членовите на фамилијата, но одредени предмети, исто така, можат да донесат просперитет и изобилство во вашиот дом.

Потковица

Според народното верување потковица носи среќа и здравје. Ромите веруваат дека овој предмет го штити човекот од четирите најголеми демони: зло, болести, смрт и демонот Гора. За да го зашититите вашиот дом носете ја потковицата во сите простории пред да ја закачите над влезната врата.

Лук

Од древните времиња се верува дека лук штити од вампири, демони и уроци. Ако во куќата се создава негативна атмосфера, чести расправии или незгоди, тогаш се користи магијата на лукот. Може да се стави вениче пред влезната врата или во секоја соба да се стави едно чешне. Исто така, ако сакате да се заштитите од уроци треба постојано да носите чешне лук во џеб.

Мед

За привлекување на просперитет во домот користете мед. Тој исто така се користи во љубовна магија, како и за привлекување на пари.

Игла

Се верува дека иглата ги чува луѓето од уроци, а има и корисен ефект врз нивната среќа, здравјето и просперитетот. Особено е корисна ако ве мачат непоканети гости. Земете игла и внимателно протнете ја неколку пати преку пламенот на свеќата. Потоа исплакнете ја со вода и ставете ја во мешавина на сол и црн пипер цела вечер. Следниот ден ставете ја на прагот на влезната врата, каде што никој не може да ја види и никогаш повеќе нема да имате проблеми со несаканите гости.