Овој Македонец е еден од учесниците во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Веќе започнаа снимањата за новата сезона од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. И оваа година како и претходните македонските кандидати ќе бидат присутни на големата сцена.

Оваа година во музичкото шоу ќе има промени, како промена во жирито, така и промена во правилата. Имено, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.

Покрај тоа, во првиот круг жирито нема да може да ги види кандидатите, туку пред нив ќе има ѕид кој ќе се крева и спушта во зависност од гласовите. Исто така во првите 3,4 круга нема да има стари претставници од музичкото шоу туку ќе бидат потполно нови учесници кои досега не се појавиле на сцената на Гранд.

Еден од нив и е Македонецот Омар Џаферовски. Тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија пред постерот на „Ѕвездите на Гранд“, а во описот напиша: „Останете така“.

Ова е негово прво појавување во „Ѕвездите на Гранд“, а како ќе помине останува да видиме.