Овој пост покажува што значи да се биде добар шеф

ИЗВОРскопје24
|

Во својот пост, Берни Рифкинд, кој работи како извршен директор на една регрутерска компанија, објаснува ситуација во која едно утро затекнал една од неговите вработени како плаче на бирото.

Тој ја прашал што се случило, што не е во ред и таа одговорила дека цела ноќ не спиела, останала будна бидејќи се грижела за своето дете.

Потоа ја прашал зошто се појавила на работа со оглед на околностите, таа одговорила дека ги искористила сите слободни денови, а поради нејзината финансиска ситуација не била во можност да земе неплатен одмор.

Дали знаете што направил директорот?

“Ја испратив дома и и ветив дека нејзиното отсуство ќе и биде платено“, напиша тој во неговата објава. “Покрај тоа, веднаш и напишав чек за да и помогнам да ја надмине својата финансиска ситуација. Таа беше неверојатно благодарна. До ден денес, таа е мојата најдобра вработена, вели тој.

Неговата објава на LinkedIn за многу кусо време стана хит со повеќе од 73.000 лајкови и илјадници коментари од луѓе кои рекоа дека посакуваат и тие да имаат шеф како него.