29 години живот на дијализа, а седум година чекал трасплантација на бубрег. Зоран Ѓуриќ ја дели судбината со уште 150 пациенти кои се во постојана неизвесност дали и кога ќе добијат шанса за пресадување на орган. Соонуваат за денот кога ќе се тргнат од машините за дијализа, за кои се врзани по околу пет часови дневно , три пати неделно. Болеста ја прифатиле, но велат, ваквото животно темпо е исцрчпувачко.
Од здружнието за бубрежнио болни, алармираат дека бројката на пациенти е во пораст. Информираа за повеќе добиени битки со системот, велат, стигнале до квалитена дијализа, но горлив проблем и натаму останува недостигот на лекови.
Остануваат низа нерешени проблеми, за кои гласно говорат, но ретко наидуваат на слух кај надлежните. Бараат поголема кампања за подигнување на свесноста за кадаверична трансплантација, односно пресадување на огран од мртов донор.
Во моментот со болеста се соочени околу 1600тини пацинети во државата. 10 отсто од вкупната популација кај нас има некоја бубрежна слабост. Болеста тешко се открива, а клучен ризик фактор е високиот крвен притисок, дијабетисот, срцевата слабост.