Цените на нафтата на меѓународните берзи во текот на вчерашното тргување забележаа пад под притисок од очекуваната помала побарувачка и силниот долар пред евентуалното зголемување на каматните стапки во САД.
На Лондонската берза барел нафта се продаваше за 1,9 долари помалку во однос на претходниот ден односно за 89,45 долари, додека пак на американската берза барелот нафта чинеше 82,54 долари односно поевтино за 2,57 долари.