ПАДНА И ПРВИОТ СНЕГ ВО РЕГИОНОТ- СНЕЖНА БАЈКА ВО ЦРНА ГОРА (ВИДЕО)

|

Во местото Дурмитор, Црна Гора, денеска падна и првиот снег, а температурите се спуштиле под нулата.
На видето кое ги освои социјалните мрежи се гледеа снежната бајка која утринава го украси Дурмитор .

„Тука е вистинско невреме, почна да паѓа и снег. Во автомобилот покажува дека температурата се суштила на два степени“ истакнал еден од мештаните.

Во целиот регион, па и во Цена Гора се очекува променливо облачно време во текот на наредните неколку дена.

Со ова може слободно да кажеме дека падна и првиот снег во регионот. Кај нас исто така се очекува значителен пад на температурите, но услови за снег има само на повисоките планински места. Температурата денеска и во текот на наредните денови ќе се движи во интервал од 10 до 19 степени.

Метеорологот Славчо Попоски пак известува дека студената експлозија која ја зафати Европа значително се почувствува и кај нас и тоа по големиот пад на температурите на воздухот.

Во текот на денешниот ден голема разлика има во температурите на воздухот за разлика од вчерашниот и денешниот ден кога истите се пониски дури и за повеќе од десет степени понекаде. До крајот на денов ќе се задржи претежно облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд.

Поинтензивни врнежи ќе има во источните и во јужните предели од државава каде локално е очекува да наврне позначително количество на воден талог. Мали се шансите но сепак не се исклучуваат за на највисоките планински врвови да провее сосема слаб снег.

Максималната температура денес ќе се искачи во интервалот само од 10 до 19 степени. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој на север и Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

За време на викендот кој ни претстои ќе имаме променливо облачно и релативно свежо време а наутро и студено, ќе има и сончеви периоди кој доста подолги ќе бидат во недела. Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени па доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си ја понесете и ТОПЛАТА ОБЛЕКА.

Исто така утре локално поради позначителната облачност не се исклучува можноста и за слаб локален дожд претежно во попладневните часоови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени утре и од 18 до 25 во недела.