Падна првиот снег и во Австрија и Италија – Алпите се белеат

ИЗВОРСкопје24
|

Обилни врнежи снег беа забележани викендов на австриските Алпи. Австриските медиуми објавија дека првиот снег за оваа сезона паднал во петокот на глечерот Стубај во покраината Тирол.

Во текот на викендот врнежите се засилија и бројни скијачки области се најдоа под снежна покривка.

Снегот е вообичаена појава на крајот на летото на највисоките предели на Алпите.

Снег заврна и во северозападна Италија, во Ливињо, регионот Ломбардија.

Минатата недела 50 сантиметри снег наврнаа и во Швајцарија. Швајцарските Алпи се целосно покриени со снег.

Областа Готхард Пас е најстуденото место, пренесува Експрес. Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови.

Температурите се до -16 степени, а се очекува понатамошно заладување наредните денови.