ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на изминатата ноќ падна првиот снег во Македонија и тоа на Пелистер каде поради падот на температурите врнежите од дожд поминаа во врнежи од снег каде се формира тенка снежна покривка. Сето ова е под влијанието на студената европска експлозија која ја зафати и нашата држава и услови подрпосечни температури на воздухот.

ВРЕМЕТО СЕ ИГРА топло – ладно, од среда ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Времето и тоа како со граѓаните се игра топло – ладно. Тоа особено лошо влијае взр метеопатите односно врз граѓаните кои ги мачат временските промени. Во моментот се наоѓаме под влијание на студена воздушна маса од северна и од североисточна Европа која условува температури под просекот за овој дел од годината. Сепак ова нема да потрае уште многу долго поради тоа што веќе од среда па натаму под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме значителен пораст на максималните дневни температури на взодухот и истите на многу места од среда па во деновите по среда ќе надминуваат 20 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат и до околу 26, 27 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Локално повеќе облачност ќе има во четврток и во петок кога локално само не се исклучува можноста за појава на краткотраен послаб дожд. Исто такаособено во четврток ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец и тоа најмногу изразен во западните предели од државава и во Пелагонија.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: По студениот бран со подпросечни температури на воздухот од среда па во деновите по среда ќе можете да уживате во значително потоплото време со повисоки температури на воздухот.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ