Панчо откако беше дел од снимањето на докумантарецот за животот и кариерата на македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски во кој учествуваше и неговиот брат Бошко, на Панчо му се укажа можност за уште едно несекојдневно искуство, бидејќи до шампионската титула во калчото не се доаѓа лесно, а тоа по чекање од 33 години му се случи на Наполи, клубот во кој важна алка до титулата беше и нашиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас.
Токму дружбата на фубалерот и музичарот уште отпорано, придонесе Панчо заедно со композиторот и продуцент Лазар Цветковски и уште неколку другари да бидат видени гости на Елмас и останатите поединци од Наполи на последниот натпревар и деновите потоа при прославата на титулата.
„Градот кој живее за фудбалот го крена пехарот после 33 години! Пред се пресреќен и горд сум на Елиф за неговиот огромен успех кој е само почеток, и воедно сум убеден дека фудбалскиот свет допрва ќе слуша за тивкиот, воспитан и ненаметлив Македонец кој доаѓа од скопски Бутел спремен да го покори фубалскиот свет и испишува историја преставувајќи и промовирајќи ја нашата земја Македонија“ – споделил Панчо покрај фотографиите од градската прослава на Наполи, заблагодарувајќи му се на Елмас за укажаната можност и гостопримство.
Елмас како добар домаќин и пријател ги угости и удостои со се што е потребно Панчо и екипата, па дури и ги одведе на забавата која во еден ноќен клуб се одвиваше како дел од славеничката журка на поедини фудбалери на калчо шампионот Наполи.
Најдобриот калчо стрелец Виктор Осимен или мозокот на екипата Пјотер Зјелински, како и еден од столбовите во одбраната Рахмани беа само дел од ѕвездите на Наполи со кои Панчо дружбата ја овековечи во заедничко селфи.
Ама затоа дружбата во ноќниот клуб беше незаборавна… Се пуштаа познати хитови, се пееше и танцуваше, до доцна во ноќта… На заминување, со носталгична фотографија полна спомени која Панчо ја сподели додека авионот го напушташе небото над Неапол, македонскиот ДЈ и ар ен би артист постирал: „Чао Наполи, се гледаме наскоро“!