Панчо и Андреј од ДНК понудија лекување на бездомно лице

ИЗВОРСкопје24
|

Човек кој седи покрај жичената ограда, со нарушено здравје, оставено среде улица во центарот на Скопје. Гладен, жеден и бос, без дом, без приходи, потполно сам.

И додека институциите никаде ги нема, естрадата уште еднаш прва посегна да помогне.

Панчо и Андреј од дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. Двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба бездомно лице.

Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите на државата дека додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ.