Пановски: Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена

|

Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување.

Кога би бирал меѓу ков ид и ангина, сега би одбрал ко вид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо – рече Пановски за телевизија Сител.

Тој се согласува со Комисијата за заразни болести, дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки и дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита.

– Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели. Болниците се се уште празни и нема нешто што треба да се одложува. Што ако го одложиме две недели – прашува Пановски.